Агенти за продажба на терен

За компанијата: Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 3.2019
  • Mellon Solutions
  • Активен до 10.03.2019
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Цела Македонија
  • Телефон: 02/309-3750
  • Веб: mellongroup.com
  • Facebook: mellongroup

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

 

Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:

 

Агенти за продажба на терен

[реф. бр. 2019-004Direct Sales]

 

За следните градови / региони:

  • Скопје
  • Струмица
  • Кавадарци
  • Куманово
  • Радовиш
  • Крива Паланка

 

Профил на работната позиција:

  • Реализација на посети кај постоечки и потенцијални клиенти на Македонски Телеком АД Скопје со цел директна продажба на производи и услуги од портфолиото на Македонски Телеком АД Скопје или извршување на сервисни и промотивни активности;
  • Работа на терен во градовите / регионите наведени погоре;
  • Грижа за клиентите и следење на реализацијата на договорите;
  • Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.

 

Профил на кандидатот:

  • Завршено средно образование;
  • Одлични комуникациски вештини и развиени продажни вештини и моќ на убедување;
  • Претходно искуство во продажба/ директна продажба/ телемаркетинг или грижа за корисници ќе се смета за предност;
  • Основно познавање на MS Office;

 

Услови:

  • Скратено работно време 20 часа неделно;
  • Право на бонус согласно постигнати резултати.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи.

Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: jobs.mk@mellоngroup.com најдоцна 5 дена од објавувањето на огласот.

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »