Заменик шеф на продавница

За компанијата: Спорт М е компанија основана во 2004-та година со домашен капитал и во моментов работи само на територијата на Република Македонија. Основна дејност на компанијата се увоз, дистрибуција и продажба на спортска... повеќе за компанијата »

Спорт М ДОО Скопје, компанија која успешно работи веќе 25 години, објавува оглас за следната работна позиција:

Заменик шеф на продавница

Потребни квалификации:

  • ССС
  • Работа со компјутери
  • Предност е познавање на англиски јазик
  • Искуство во продажба
  • Комуникациски вештини

Работни обврски:

  • Грижа за остварување на квалитетна продажба;
  • Пристап кон потрошувачите што подразбира љубезност и комуникативност;
  • Информирање на потрошувачите за квалитетот на стоката и останати информации кои се од значење за купувачите;
  • Организирање на работниот процес во продавницата;
  • Грижа за комплетност на стоките (декларации, упатства, гарантни листови и др.);
  • Високо ниво на услуга и посветеност во услужувањето на купувачите
  • Познавање на целокупниот асортиман на артиклите во малопродажниот објект
  • Ажурирање на документацијата која ја следи работата во продавницата и работа на каса
  • исполнување на други работни задачи зададени од Работодавачот или од него овластено лице. 

Нудиме пријатна работна атмосфера и тимска работа.

Работата е распоредена во смени,од понеделник до недела со исполнување на 40 часа на неделно ниво.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со испраќање на CV преку полето за аплицирање.

Кандидатите од потесен избор ќе бидат повикани на разговор со одделот за човечки ресурси. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »