Асистент на проект и лице за односи со јавност Центар за управување со промени (ЦУП)

ОГЛАС за работна позиција: Асистент на проект и лице за односи со јавност

Центар за управување со промени (ЦУП)

Центарот за управување со промени (ЦУП) има потреба од ангажман на Асистент на проект и лице задолжено за односи со јавност за потребите на проектот "Развој на микро-претпријатија за жени во прекуграничната област".  Проектот е поддржан преку Делегацијата на Европската унија и се спроведува во рамки на "Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија за 2014 и 2015 година" со фокус на регионите Полог и Елбасан.

Главна задача на Проектниот асистент и лице задолжено за односи со јавност е да помага во целиот тек на спроведувањето на активностите и задачите на проектот и да ги врши сите задачи поврзани со информирање на јавноста и комуникација со корисниците и целните групи, како и соодветните институции. Под водство и надзор на раководителот на проектот, асистентот на проектот ќе помага на проектот и ќе се грижи за целокупната видливост на проектот и одржување на односите со јавноста. 

Клучни должности за позицијата:

  • Обезбедува помош и поддршка во координација и спроведување на проектните активности и реализација на предвидениот работен план и буџет на проектот;
  • Покривање на прашања поврзани со односи со јавност и видливост на проектот во согласност со регулативите и барањата на ЕУ и организација на соодветни активности за подобра видливост на проектот;
  • Креирање на ефективни пораки за постигнатите цели и резултати на проектот и испраќање до пошироката публика и специфичните целни групи на проектот;
  • Организација на активности за тековна размена на информации со засегнати страни, вклучувајќи медиуми и соодветни институции на национално и локално ниво;
  • Работи заедно со другите членови на тимот и му помага на раководителот на проектот да се остварат предвидените цели, резултати и влијание и претставува неопходна административна и логистичка поддршка на проектниот тим;
  • Превзема одговорности за администрирање на проектот во согласност со регулативите и процедурите на ЕУ;
  • Учествува во останати специфични активности на проектот и подготовка на  извештаи доколку е потребно.

Квалификации и работно искуство

  • Високо образование во областа на општествените науки и/или новинарство;
  • Познавање и искуство во спроведување на проекти и комуникација и односи со јавност;
  • Работно искуство во период од 2 години на иста или слична работа, пожелно на ЕУ проекти;
  • Познавање на административна и канцелариска работа;
  • Познавање и користење на апликациите на Microsoft Office (Word, Excel, Outlook, PowerPoint);
  • Одлично познавање на англиски јазик (зборување и пишување);
  • Силни административни и организациски вештини, како и флексибилен пристап за работа;
  • Добри меки вештини (комуникација, тимска работа, одговорност).

Позицијата е предвидена со полно работно време со нето надоместок од 25.000МКД и сите платени придонеси како дел од вработувањето за времетраење на проектот заклучно со септември 2020 година и можност за продолжување во рамки на организацијата на иста или слична позиција.

Доколку сте заинтересирани, ве молиме да го поднесете вашето CV во европски формат на англиски јазик, заедно со придружно мотивациско писмо и диплома за завршено високо образование во електронска верзија најдоцна до 13.11.2018 година на е-пошта vesna.gligorova@cup.org.mk со назнака - Апликација за проектен асистент.

Забелешка: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор согласно со горенаведените критериуми ќе бидат контактирани.

 

КЛИКНИ