За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови во Република Северна Македонија.
Координатор во Паковно одделение
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Стручна подготовка: ВСС – Дипломиран фармацевт, Хемиски инженер
- Број на извршители: 1
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.
- Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција.
- Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност.
Работни задачи:
- Одговорен за правилно и навремено извршување на пакувањето на производот во секундарна амбалажа, негова организација и спроведување на ДПП нормите.
- Одговорен за спроведување, следење и контрола на условите за производство според нормите на ДПП.
- Одговорен за одржување на хигиена, машини и опрема, работни простории и работна дисциплина во Секторот.
- Одговорен за водење на производни протоколи, работни налози, контрола на требување за секундарна амбалажа за секоја серија на производ.
- Одговорен за поднесување извештаи, информации и анализи за производство до непосредниот раководител.
- Одговара пред Директорот на Секторот Индустриско производство.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност
- Способност за тимска работа
- Работа со дадени рокови
- Следење на интерните правила и процедури
- Самоиницијативност и самокритичност
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 12.01.2021
Слични огласи »