Оператор на машина за подготовка на калапи-КАЛАПЕР

  • Објавен пред 6 месеци
  • CASTINVEST
  • Активен до 27.04.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

CASTINVEST е иновативна компанија за производство на одлеаноци од сив и нодуларен лив, која се позиционира на врвот како една од водечките компании со врвен квалитет на производи и услуги кои ги пласира на домашниот и меѓународниот пазар.

Со својата работа се стремиме кон деловна совршеност во сопствената дејност, иновативен развој на производите и процесите како и непрекинато зголемување на продуктивноста и квалитетот. Изработуваме фазонски делови наменети за водоводни и гасовни инсталации, канализациска арматура, одлеаноци од алуминиум за машинска индустрија

 

Каст Инвест Доо има потреба од следната работна позиција:

Оператор на машина за подготовка на калапи-КАЛАПЕР

 

Потребни квалификации:

  • Средна стручна спрема-техничко образование
  • Работно искуство  во производен процес

 

Oдговорности:

  • Одговорен е за транспорт на јадра до калаперска линија
  • Одговорен е за правилно склопување на јадрата рачно или со кран
  • Одговорен е за добро продувување на формите
  • Одговорен е за квалитетот на изработената форма
  • Ги следи и ги открива сите несоугласености и истите ги пријавува во секторот за квалитет
  • Извршува и дополнителни работни задачи зададени од претпоставениот

 

Ние нудиме:

  • Можност да сте дел од голема компанија со над 150 вработени
  • Стабилност и можност за развивање
  • Градење на успешна кариера
  • Одлични услови за работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.

 

Работниот однос се склучува на одредено време, со можност за продолжување

 

Апликација:

Преку испраќање на ваше CV на hr@castinvest.mk или испраќање на адреса Castinvest, ул. Перо Наков, број 120, 1000 Скопје. Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци

КЛИКНИ