За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови во Република Северна Македонија.
Оператор на размерување
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Стручна подготовска: ССС образование – Хемиски техничар, Фармaцевтски техничар
- Број на извршители: 1
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција
- Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност
Работни задачи:
- Одржува хигиена на работниот простор пред почеток на производство и го заведува во листи за евиденција.
- Ја проверува исправноста на комората за размерување пред почеток на работа и за секоја неисправност го известува непосредниот претпоставен.
- Прави дневна калибрација на ваги и истото го евидентира во соодветни листи.
- Врши мерење и размерување за определена серија на производ по налог за работа од непосреден претпоставен според упатствата од производниот протокол за соодветната серија според нормите на ДПП.
- Евидентира во листите од производниот протокол.
- Врши правилно и безбедно сместување и обележување на размерената количина на суровина во тек на работната смена.
- Одговорен за чистење на просторот за размерување после секоја размерена серија.
- Врши евиденција на чистењето во листите за контрола.
- За секое отстапување од стандардната постапка во текот на работата дожен е да го прекине процесот на производство и да го извести непосредниот претпоставен.
- Врши и други работни задачи по налог на непосреден претпоставен.
- За својата работа одговара лично, но и пред непосреден раководител.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност
- Способност за тимска работа
- Работа со дадени рокови
- Следење на интерните правила и процедури
- Самоиницијативност и самокритичност
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 12.01.2021
Слични огласи »