Дипломиран Фармацевт - Стручен соработник

За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Нејзин основач е Др. Миодраг Стојановски, а денеска компанијата ја води дипл.ел.инг. Оливера Стојановска. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме... повеќе за компанијата »

МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен увозник на италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија, вработува пет (5) Стручни соработници (м/ж) – дипломирани фармацевти, со или без искуство.

Целта е промовирање на производите на ЕСИ срл од Италија, производител на додатоци во исхраната – хербални производи, корисни за добросотојба на здравјето.

  • Од кандидатите се очекува да се подготвени за учење и работа.
  • Се работи на територија на цела Македонија.
  • Потребно е кандидатите да имаат возачка дозвола и возачко искуство.
  • Локацијата на седиштето е во Ѓорче Петров.

Одговорности:

• Спроведување на предвидените маркетинг активности со посета на лекари и фармацевти со цел промоција, презентација и продажба на производите од ЕСИ

• Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и нејзините производи

• Поднесување на писмени извештаи за извршените посети

• Остварување на предвидениот план за продажба

Компанијата ќе ви овозможи:

  • Привлечна почетна плата и брзо напредување
  • Редовна исплата на К-15
  • Службено возило за потребите на работата

За аплицирање на конкурсот потребно е да испратите:

  • резиме (кратка биографија) со фотографија,

и по можност

  • мотивациско писмо,
  • уверение за завршено соодветно образование, како и
  • копија од возачка дозвола

најдоцна до 01.04.2024 година на маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат условите.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »