Супервизор во СПА и Фитнес Центар

За компанијата: На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички... повеќе за компанијата »

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин. По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворени позиции за Вас.

DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:

  • Супервизор во СПА Центар

Кандидатите треба да поседуваат претходно работно искуство од најмалку 3 години во реномиран СПА Центар, козметичко или студио за убавина, фитнес и боди-билдинг центар или Хотел на територијата на Република Северна Македонија. 

Супервизорот во СПА Центарот ги извршува следните работни задачи:

  • Му асистира на Менаџерот во дневните операции во СПА и Фитнес Центарот со цел да се максимизира профитот преку зголемување на имиџот во Центарот со цел за обезбедување на професилна/позитивна атмосфера за гостите, членовите и вработените,
  • Учествува во изготвувањето и спроведувањето на маркетинг стратегијата на СПА и Фитнес Центарот
  • Одговорен/на за дневното планирање на работењето на сите спа и фитнес простории
  • Имплементирање на програмски и процедурални промени како што е наложено од страна на Менаџерот на СПА и Фитнес Центарот, и
  • Надзор и контрола на вработените во СПА и Фитнес Центарот.

Кандидатот треба да има познавање на англиски јазик, додека познавање на турски или албански јазик ќе се смета за предност. Предност исто така ќе се смета доколку кандидатот има претходно искуство со масажи и третмани на лице и тело.

Работниот процес за двете работни места е организиран во две смени.

Платата е компетитивна согласно искуството, знаењето и квалификациите на кандидатите.

Аплицирајте преку полето за брза апликација или директно на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само оние кандидати кои ги исполнуваат наведените критериуми ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »