Инженер архитект

Плата 30.000 ден.

Отворена е работна позиција за Инженер Архитект. Работата е претежно канцелариска и повремени посети на терен. Работното време е од 08 до 16 часот. На оваа позиција треба да се изведуваат следните работни задачи:

  • Работи согласно зададениот проект и работна задача
  • Водење на изработката на проекти и проектирање во високоградбата, дизајнирање и изработка на архитектонски проекти за останати градби
  • Усогласување на проектите со јавните и другите интереси во постапката за добивање на градежна дозвола
  • Ги проучува сите прописи и стандарди од областа на градежништвото и сообраќајот
  • Ја подготвува потребната документација за објектот со анализи за материјално и финансиско работење
  • Разработува организација на градилиште и врши повремена контрола, следење на техничка реализација
  • Изработува градежен дневник, градежна книга, доказници, ситуации, технички цртежи и решенија
  • Прави спецификација на потребни материјали за работа согласно Предмер пресметка и Динамички план
  • Може самостојно да дава предлози за подобрување на квалитетот на работење на проектирање, изведба и сл.
  • Работи на терен и на отворен сообраќај

Кандидатите потребно е да имаат:

- завршено високо образование

- работно искуство од минимум 2 години

- возачка дозвола Б категорија

Заинтересираните кандидати да испратат CV на [најави се за да го видиш е-маилот] ќе бидат исконтактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »