За компанијата: ПОЧЕТОЦИ И ИСТОРИЈА
КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени. Зад успехот на КАМ...
повеќе за компанијата »КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
НОВИОТ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР се наоѓа во населбата Илинден, на вкупна површина од 60.000 m2, и 16.000 m2 магацински простор во кој се сместени 6.800 палети во магацинот за сува стока и 2.500 палети на контролирана темепратура за замрзнати и фрижидерски производи, овошје и зеленчук и свежо месо, се извршува дневен прием на роба, спремање и достава на артиклите до сите наши маркети. Магацинот има 32 модерни рампи за утовар и истовар и располага со современа опрема за работа и најсовремени електрични вилушкари.
Со цел проширување на тимот, бараме личности кои ќе се придружат на нашиот тим на работна позиција:
РАБОТНИЦИ ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ - СПРЕМАЧИ НА РОБА
Работни задачи:
- Спремање на роба со ПДА-уред со помош на современ систем за магацинско работење ВМС,
- Современа опрема за работа и најсовремени електрични вилушкари,
- Максимално внимание и грижа за стоката во магацинот,
- Познавање на правилата за редење на стоката на палета,
- Стречирање на спремната палета,
Потребни квалификации:
- Средно образование,
- Сигурност, флексибилност,
- Здрава личност, силна, способна за работа во тим,
- Најмалку 1 година работно искуство во подготовка на стока и магацинско работење, ќе се смета за предност
Ние Ви нудиме:
- Обемно воведување во работата со обука , сертифицирање согласно перформанс за спремени пакети , брзина и грешки при спремање,
- Навремени и сигурни примања,
- Вработени со работно искуство од најмалку 1 година почетна загарантирана плата од 21.900 ден. во зависност од постигнатите резултати плата од 28.500 ден. плус додатоци
- Вработени без искуство прв месец на обука плата 18.700 ден., втор месец на обука работа со ментор и плата од 21.900 ден. трет месец предвидената плата 28.500 ден. во зависност од остварните резултати и постигнатите нормативи. За време на целата обука ќе бидете обучувани од искусен персонал и надгледувани од менторот кој ќе Ви биде доделен.
- дополнително платен секој изработен час и од законски предвидените работа во недела и платена работа во сабота
- Минимизирање на физичката работа со користење на современа опрема за работа и најсовремени електрични вилушкари,
- Регрес 30.000 денари
- Обезбеден топол оброк,
- Слободен ден за роденден,
- Картичка со попуст за вработени,
- Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам;
- Платено колективно осигурување од првиот месец,
- Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
- Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид;
- Работа во интернационална компанија,динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или на E-mail: personal@kam.com.mk
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
web: www.kam.com.mk
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
Слични огласи »