Вработување на техничар за машинско и електро одржување

За компанијата: Повеќе од 70 години градиме компанија која цени знаење, напорна работа и посветеност. Со седиште во Скопје, Северна Македонија прераснавме во компанија која има светска мрежа на задоволни клиенти и клиенти... повеќе за компанијата »

Компанијата ''Раде Кончар-Контактори и релеи''- Скопје има потреба од вработување на 1 техничар за работна позиција: машинско и електро одржување

 

Опис на работни задачи:

  • Инсталирање , одржување и поправка на целокупниот машински парк
  • Тековно и превентивно одржување на индустриски машини
  • Извршување активности од типот на сечење , заварување , брусење и подесување на машинска опрема
  • Секојдневно го документира своето работење на посебни сервисни обрасци
  • Активно учествува во проектирање и изведување на нови машински инсталации

 

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование од техничките струки
  • Со или без работно искуство (предност ќе имаат кандидатите со искуство над 3 години)
  • Способност за читање на техничка документација
  • Способност за тимска работа
  • Самоиницијативност , лојалност и одговорност при извршувањето на работните задачи
  • Основни познавања од областа на автоматика , механика , електрика, пневматика и хидраулика
  • Поседување возачка дозвола – Б категорија

       Работното време е од понеделник до петок, од 07.30. - 15.30. часот.

       Плата по договор.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »