Техничар во одржување

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, е Компанија од фармацевтската индустријa, дел од  групацијата PHCANN INTERNATIONAL, лоцирана во Индустриската зона Ќојлија- Петровец, која располага со најсовремен производствен простор за indoor култивација на канабис и работи по највисоките европски стандарди за производство на производи од канабис за медицинска примена.

Во насока на проширување на нашиот Тим во Одржување, вработуваме

ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ

Потребни квалификации:

  • ССС - Техничка струка
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик

Работни задачи:

  • Инсталирање и релокација на производствените линии (вклучително струја, пневматик и довод,одвод на вода)

  • Одржување и ракување на техничките системи на зградата и на компресорите

  • Ракување со системите за греење, системите за наводнување и сигурносните системи 

  • По потреба имплементација на измени во канцелариите во зградата (креирање, набавка, одржување)

  • Дневна проверка и евидентирање на проверката на системите

  • Навремено вршење на превентивно и корективно одржување на цела опрема

  • Дневно следење и евидентирање на потрошувачката на струја, вода и греење и навремено известување за истата

  • Искуство со заварување

Лични карактеристики и вештини кои ги цениме

  • Одговорност,
  • Способност за следење и почитување на пропишани упатства и процедури,
  • Способност за почитување на рокови
  • Способност за тимска работа,

Работното време е 40 часа неделно, од 07.00 до 15.00 часот,

Обезбеден превоз до и од работното место

Доколку сметате дека вашите вештини и знаење одговараат на нашите потреби, повелете испратете ја вашата апликација со Професионална биографија. Процесот за одбирање ќе трае до 10 дена по завршување на огласот. Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат контактирани и  повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени и зачувани исклучиво за потребите на регрутација и селекција од страна на НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »