Плата од 50.000 ден. до 60.000 ден.
- Објавен пред 11 месеци
- ФЕРПРОМ ДОО
- Активен до 13.02.2024
- Позиција: Менаџер/Директор
- Локација: Скопје
ФЕРПРОМ ДОО од Скопје има потреба од женско лице за позиција - Менаџер од СКОПЈЕ
Квалификации
- BCC;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Активно познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија.
- Менаџерски способности;
- Амбициозност;
- Висока мотивираност;
- Комуникативност;
- Вештини за преговарање;
- Способност за тимска работа;
- Активно познавање на работа со персонален компјутер ( MS ОFFICE)
Опис на работно место/одговорности:
- Планира и реализира активности и обврски во соработка со непосредниот раководител;
- Креира, развива, планира и организира стратегија за продажба;
- Развива и одржува односи со клиенти и потенцијални клиенти;
- Секојдневна комуникација со странски добавувачи
- Врши истражување на странскиот пазар за потенцијални нови добавуваци во земјата и странство;
- Целосно организирање и следење на увозот,комуникација со транспортери и шпедиции
- Ги креира и имплементира стратегиите на продажба и во согласност со генералниот менаџер, подготвуваат таргети за продажба за претстојни периоди;
- Дава предлози за подобрување и зголемување на продажбата;
- Секојдневно, во согласност со Генералниот менаџер ја утврдува продажната цена на големо врз основа на дефинирани параметри за пресметка;
- Ја следи состојбата на продажбата и врз основа на истата изработува периодични извештаи за реализираната продажба која ја доставува до генералниот менаџер;
- Работа во економски програм (Изготвување на влезни и излезни документи, девизни калкулации, како и други пропратни документи кои ги обезбедува програмот)
- Подготвува понуди;
- Регрутира, обучува и надгледува вработени.
Аплицирање
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да гo испратите на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] и на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака : За оглас: МЕНАЏЕР
Слични огласи »