Фирма од Скопје има потреба за вработување на Електроинженер (една или повеќе позиции) за проектирање, изведба, пуштање во работа на системи за слаба струја (системи за автоматска детекција и дојава на пожар, системи за видео надзор, системи за контролиран пристап, системи за детекција на упад/кражба, системи за јавна објава и озвучување, системи за броење на посетители, компјутерски системи, системи за обесчадување), за деловни и индустриски објекти.
Потребно образование: ВСС Факултет за електротехника (со насока која одговара на позицијата)
Работно искуство: Мин. 1-2 години искуство на исти или слични позиции.
Опис:
- Разработка на идејни решенија за конкретен објект,
- Изработка на идејни, основни и изведбени проекти со изработка на електрични, апликациски, функционални шеми и предмер пресметки за горе наведните системи,
- Координација, надзор и учество во изведба на договорените проекти.
Потребни вештини:
- Мин. 1-2 годишно искуство на иста или слична позиција,
- Активно познавање на AutoCAD, MS Office.
- Активно познавање на технички англиски јазик,
- Возачка дозвола Б категорија,
- Подготвеност за тимска работа под притисок на зададени рокови
Други вештини кои би биле предност:
- Познавање и на работи поврзани со јакострујни инсталации и системи,
- Поседување на валидна лиценца за проектант (електротехника) на градби од “А/Б” категорија , издадена од Комора на овластени архитекти и инженери на Р.Македонија,
- Поседување на валидна лиценца за изведба (раководител на градба) (електротехника) на градби од “А/Б” катергорија , издадена од Комора на овластени архитекти и инженери на Р.Македонија,
Фирмата нуди:
- Континуирано усовршување во сите области со обуки во странство (стручни, индивидулани,..)
- Соодветна финансиска компензација
- Динамична и интересна работна средина во проектно ориентиран тим
Кратка биографија и мотивациско писмо да се достави на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »