Металург

  • Објавен на 11.2018
  • CASTINVEST
  • Активен до 28.11.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/551-5001

CASTINVEST е иновативна компанија за производство на одлеаноци од сив и нодуларен лив, која се позиционира на врвот како една од водечките компании со врвен квалитет на производи и услуги кои ги пласира на домашниот и меѓународниот пазар.

Со својата работа се стремиме кон деловна совршеност во сопствената дејност, иновативен развој на производите и процесите како и непрекинато зголемување на продуктивноста и квалитетот. Изработуваме фазонски делови наменети за водоводни и гасовни инсталации, канализациска арматура, одлеаноци од алуминиум за машинска индустрија

Каст Инвест Доо има потреба од следната работна позиција:

Металург

Потребни квалификации:

  • ВСС Технолошко Металуршки факултет-отсек Металургија
  • Работно искуство не помалку од 5 години во областа на Металургија
  • Одлично познавање на англиски јазик во говорна и пишана форма
  • Напредно познавање на Microsoft Excel, Power Point  и одлично познавање на другите MS Office апликации
  • Познавање на петте столба на квалитет(PPAP, FMEA, APQP, SPC, MSA)

Oдговорности:

  • Калкулација и дефинирање на технолошките параметри
  • Ја прати реализацијата на технолошкиот процес на производството, ја контролира оперативноста на машините и носи одлуки околу евентуалните промени во технолошките параметри
  • Одговорен за унапредување на производниот процес, унапредување на техннолошката документација и оптимирање на технолошките леарски параметри на сите машини под висок притисок
  • Следење на оперативните постапки, критичните параметри, матерјали за сите леарски операции заради усогласување со стандардните параметри
  • Одговорен за реализација и оптимизација на нови производни процеси, како и за организација, надгледување и анализа на сите недостатоци кај тесните грла во производството, предлага најдобри решенија
  • Креира упатства за производните процеси во леарницата
  • Ги документира сите производни промени
  • Соработка со сите сфери на унапредување на технолошките процеси и опрема
  • Допринесува во воведувањето новитети во производниот циклус, со цел намалување на трошоците при леење и континуирано подобрување на системот
  • Развива планови за обезбедување на квалитет на производите со спроведување анализа на ризици, идентификување на критичните точки и превентивни мерки, следење на процедурите и предлагање на корективни мерки
  • Изработува годишни планови и извештаи за работата

Ние нудиме:

  • Можност да сте дел од голема компанија со преку 150 вработени
  • Стабилност и можност за развивање
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.

Работниот однос се склучува на одредено време со можност за продолжување

Апликација

Преку испраќање на ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или испраќање на адреса Castinvest, ул. Перо Наков, број 120, 1000 Скопје. Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »