Практиканти-приправници за онлајн истражувања и мониторинг

Т-Динамикс Консалтинг има отворени позиции за:

 

Практиканти-приправници за онлајн истражувања и мониторинг, за период од 3 месеци со можност за продолжување. Ангажманот на приправниците е подготовка за отворање на нови работни позиции со почеток од 01.05.2017. Т-Динамикс ќе обезбеди соодветна обука, менторство и соодветен предвиден надоместок за ангажираните приправници од самиот почеток на ангажманот.

Од вкупно четири позиции за приправници, за двајцата најдобри приправници, на крајот од приправничниот период, ќе бидат дадени понуди за вработување. Останатите приправници ќе бидат ставени на приоритетна листа за идни вработувања на иста или слична позиција и ќе добијат сертификат за завршена обука, извештај од положениот тест како и референта листа на партнерски компании во кои исто така може да аплицираат за работни позиции.

 

Активности:

  • Следење на онлајн вести и информации на англиски јазик по предходно избрани теми од интерес,
  • Подготовка на кратки известувања за селектираните настани и доставување на истите преку системска платформа за е-маил и СМС,
  • Подготовка на неделен инзвештај за активности,
  • Координација на известувањата со аналитичарот за медиа мониторинг и менторот на приправничкиот тим,
  • Приправнички ангажман: Не повеќе од 20 часа неделно по предходно предвиден план за ангажман и обука.

 

Критериуми:

  • Потребно образование: Завршени високо образование или студирање во тек,
  • Одлично познавање на MS Word, Outlook и интернет пребарувачи,
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорење и пишување),
  • Позицијата посебно се препорачува за студенти од последна година на студии во областите на маркетинг, информатичка технологија, новинарство, е-бизнис, менаџмент со информации, безбедност.

 

Заинтересираните кандидати може да аплицираат преку е-маил на:  [најави се за да го видиш е-маилот] со ЦВ на англиски јазик. ЦВ-то мора да има податоци за контакт по е-маил, скајп и слика од кандидатот. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »