За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека.
повеќе за компанијата »СЕПТИМА ДООЕЛ
Друштво за увоз - извоз и трговија на големо
бул.3-та Македонска бригада бр.92 – Скопје
Со цел понатамошно обезбедување на континуиран и долгорочен пораст и развој на компанијата и нејзините вработени, распишуваме конкурс за следната работна позиција: СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА РЕГУЛАТИВА
Услови:
- VII-1 степен на стручна подготовка фармацевтска, медицинска или стоматолошка струка
- Познавање на регулативата од областа на лековите, медицинските средства и додатоците во исхрана.
- Напредно познавање на работа на компјутер (MS Windows, MS Office, Internet)
- Одлично познавање на пишан и говорен Англиски јазик (задолжително тестирање)
- Возачка дозвола Б категорија
Потребни вештини:
- Воспоставување приоритет и извршување на задачи во зададен рок
- Превземање одговорност во согласност со утврдените цели и донесување на одлуки во согласност со деловната политика на компанијата
- Одговорност, амбициозност, иницијативност, упорност, комуникативност и флексибилност
Доколку ги исполнувате наведените услови на конкурсот и сте заинтересирани за работа во динамичко опкружување, ние Ви нудиме добри услови за работа, стручна обука и можност за целосно изразување на вашите професионални вештини.
Ве молме Вашето CV заедно со препорака да го испратите најдоцна до 18.02.2024. на e-mail [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за која позиција конкурирате.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор.
Слични огласи »