Шпедитерски царински декларант

Активни огласи од Шенкер ДООЕЛ Скопје:

Магационер

(преземи го огласот во Word)

Царински декларант

 

ДБ Шенкер Македонија, подружница Струга

 

ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германски железници (Deutsche Bahn) ние организираме транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нашите 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзува светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираме врз основа на нивото искуство, перспективи, способности и вештини.

 

Работно место: Царински декларант (во подружница Струга, во одделението за царинско посредување)

 

Вашите задачи:

  • Увозно/извозно царинење на роба и транзитна постапка
  • Активна соработка при извршување на планираните активности
  • Активна добра комуникација со клиентите, соработниците и претставниците на Царинските служби
  • Прибирање информации и превземање на иницијативи за контактирање потенцијални клиенти
  • Редовни извештаи, комуникација и координација со Раководителот на одделението

 

Вашиот профил:

  • Работно искуство како царински декларант од најмалку 1 година.
  • Задолжително поседување на лиценца за царински декларант
  • Одлично познавање на царинските процеси, процедури и закони
  • Диплома за завршено средно/високо образование
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик
  • Добри компјутерски вештини за Microsoft Office пакетот

 

Вашите способности:

  • развиени комуникациски вештини
  • тимски ориентирана личност
  • силна посветеност на работата
  • желба за постигнување на високи резултати и нови достигнувања
  • желба за придонес во развојот на одделението и компанијата
  • одговорност, организираност
  •  

Нашата понуда:

  • работа во глобална компанија, една од најуспешните во светот на транспорт и логистика
  • привлечна плата и бенефиции
  • можност за развој во рамки на компанијата
  • обуки за развој
  • одлична работна средина и тим за работа

 

Заинтересирани? Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација. Ве молиме испратете ни ja Вашата кратка биографија и останати референци, на  E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] ,                                             

 

Краен рок за пријавување: 31.03.2024

Ве молиме забележете дека:

  • со испраќање на Вашата апликација истовремено давате согласност за употреба на Вашите лични податоци содржани во апликацијата
  • ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови. 

 

https://www.dbschenker.com/mk-mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »