Адвокатска канцеларија Никола Тодоров го проширува својот тим.
Отворени се две позиции за адвокати кои сакаат да работат во динамична, сериозна и професионално организирана адвокатска пракса.
Бараме:
⚖️ Адвокат со најмалку 4 години работно искуство како адвокат
⚖️ Адвокат со најмалку 7 години работно искуство како адвокат
Што очекуваме од кандидатите?
- Завршен Правен факултет
- Положен правосуден испит
- Важечка адвокатска лиценца
- Возачка дозвола – Б категорија
- Сериозен, одговорен и аналитичен пристап кон работата
- Самостојност во водење предмети и навремено постапување во рокови
Посебно ќе се цени практично искуство во:
- Граѓанско право
- Трговско/стопанско право
- Финансиско право
- Стечајно право
- Трудово право
- Застапување пред судови, државни органи и институции
- Изготвување договори, правни анализи, тужби, жалби и други правни акти
Како да аплицирате?
Заинтересираните кандидати треба да достават:
📌CV
📌кратко мотивационо писмо
📌краток структуриран преглед на практичното искуство во последните 12 месеци, со приближен број предмети/ангажмани по правни области и опис на сопствената улога во нив
Прегледот треба да биде подготвен без откривање доверливи податоци, имиња на клиенти или предмети.
📩 Апликациите се доставуваат најдоцна до 10.08.2026 година на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Интервјуата со кандидатите ќе бидат спроведени после 24.08.2026 година.