Комерцијален стручен соработник

За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2022
  • СЕПТИМА
  • Активен до 06.12.2022
  • Позиција: Фармацевт/Фармацевтски техничар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3060-175
  • Веб: www.septima.com.mk/


СЕПТИМА ДООЕЛ

Друштво за увоз - извоз и трговија на големо

бул.3-та Македонска бригада бр.92 – Скопје

 

 

Со цел понатамошно обезбедување на континуиран и долгорочен пораст и развој на компанијата, распишуваме конкурс за работна позиција:

 

  • КОМЕРЦИЈАЛЕН  СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

 

Потребни квалификации:

 

  • VII-1 степен на стручна подготовка : Фармацевтски ,Медицински или Стоматолошки факултет
  • Со или без работно искуство во промоција на фармацевтски производи  

 

Опис на работата:

              

  • Секојдневна посета на лекари и фармацевти
  • Промоција и презентација на производите
  • Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
  • Редовни извештаи од теренската работа
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
  • Учество и организирање на стручни и едукативни собири

 

Потребни вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Флексибилност и способност за тимско работење
  • Активност во согласност со етичките кодекси и националните закони
  • Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Ние нудиме:

  • Работа во амбициозен и професионален тим
  • Континуирана едукација и стимулативна работа

 

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во динамично опкружување, Ви нудиме одлични услови за работа, обука како и можност за искажување на своите професионални способности.

Ве молиме Вашето CV да го доставите најдоцна до 05.12.2022 на

e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »