
За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Нејзин основач е Др. Миодраг Стојановски, а денеска компанијата ја води дипл.ел.инг. Оливера Стојановска. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме...
повеќе за компанијата »ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник
Заради зголемен обем на работа и проширување на тимот, МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен увозник на програмата од италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија (додатоци во исхраната), има потреба од
три (3) Стручни соработници (м/ж) со следните квалификации:
- Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)
- Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
- Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
- Организациски способности и вештини на планирање
- Комуникациски и презентациски вештини
- Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски
ЕСИ с.р.л. е компанија од Италија, која постои од 1975 година, и денес е најдобра во Италија и пошироко во производството на додатоци на исхраната (хербални производи), а кај нас е присутна на пазарот од 2004 година.
МЕДИКУС е
- успешна и стабилна компанија која постојано напредува
- угледна компанија која сите ја почитуваат
- каде има градење на тимски дух, пријатна, ведра, стимулативна и динамична атмосфера
- каде ќе бидете почитувани и наградени за успехот во работата
МЕДИКУС е компанија во која посебно се цени
- самомотивираност и иницијативност
- вложениот труд и одговорниот однос кон работата
- стручната способност и амбицијата за стручно усовршување
- одличната комуникација со колегите и клиентите
МЕДИКУС е компанија која нуди
- Солидна и мотивирачка почетна плата зависно од искуството
- Службен автомобил, К15, годишен бонус, брзо напредување
- Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 07:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од Понеделник до Петок.
- Интересна и одговорна позиција во успешна компанија;
- Позитивна корпорациска култура, високо компетентен тим и колегијалност;
Во колку сте подготвени да ги прифатите и со ентузијазам да ги извршувате следните обврски и одговорности:
- Спроведување на предвидените маркетинг активности за презентирање на компанијата ЕСИ и нејзините производи, со посета на лекари и фармацевти во Скопје и на територијата на Македонија
- Остварување на предвидениот план за продажба
- Градење на добри релации со клиентите и поднесување на извештаи за посетите на клиентите
Испратете ваша апликација за учество на конкурс за вработување со:
• резиме (кратка биографија) со фотографија,
најдоцна до 20.05.2023 година на маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот.
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]