Финансиско Друштво ОНЕ ФИНАНЦЕ ДООЕЛ Скопје е компанија која нуди брзи и едноставни решенија за кредитирање на физички лица.
Поради брз раст на компанијата имаме потреба од зголемување на нашиот тим, и со овој оглас повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Правник.
Работно место: Правник - 1 работно место во Скопје
Краток опис на услови, способности / вештини за работното место:
- Навремено и темелно исполнување на работните обврски
- Доверливост, лојалност и прецизност
- Професионален пристап
- Комуникативност и тимска работа
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Завршено соодветно високо образование
Работни задачи:
- Следење и применување на законските и подзаконските прописи, нудење на правни решенија
- Подготовка на писмени поднесоци: договори, предлози, приговори, барања решенија, спогодби и сл.
- Вршење административно-технички работи
- Водење административна коресподенција
- Подготовка на договори за вработување и други акти од областа на човечки ресурси
- Коресподенција и застапување на компанијата пред надлежни органи и институции
- Подготовка на предлози за платни налози до надлежен нотар
- Подготовка на барања за извршување до надлежен извршител
- Подготовка и испраќање на опомени до клиенти за неплатени фактури
- Креирање мислења и одговори во врска со предмети за кои е задолжен за работа
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Слични огласи »