Социјален/на работник/чка

Оглас за вработување на социјален/на работник/чка

ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на социјален/на работник/чка во Младински центар „Сакам да знам“- Шуто Оризари, за период февруари – декември 2021.


Опис на ангажман

Социјалниот работник/чка во Младински центар е одговорен/а за следните работни задачи:

  • е одговорeн/а за нудење на директни социјални услуги на клиентите од областа на социјалната заштита, а во доменот на социјалната работа;
  • се грижи за организација на активностите и сервисите во  Младинскиот центар- „Сакам да знам“ во Шуто Оризари преку спроведување на групни едукации,  индивидуални советувања во областа на социјалната заштита, теренска работа и придружба на клиенти до институции согласно планот за работа на центарот;
  • соработува со граѓанските организации и државните институции со кои ХЕРА има потпишано Меморандум на соработка за препраќање на клиенти во Младински центри, но и со потенцијалните идни соработници од граѓанскиот и државниот сектор, според потребите на корисниците на сервисот;
  • во координација со координаторката учествува во подготовката на наративни извештаи за активностите на Младинскиот центар и спроведување на проектните и стратегиски индикатори на организацијата;
  • учествува во внесот на податоци во базата на податоци на ХЕРА и во анализа поврзана со дадените услуги и опфатот на клиенти во сервисот;
  • во координација со координаторката врши медиумска промоција на услугите и работата на Младинските центри „Сакам да знам“.

 

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Дипломиран/а социјален/а работник/чка,
  • Солидни познавања на закони, политики и програми од областа на социјалната заштита,
  • Основни познавања на Microsoft office,
  • Солидни познавања на англискиот јазик,
  • Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување,
  • Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност,
  • Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.

За предност ќе се смета:

  • Работно искуство во граѓанскиот сектор,
  • Работно искуство во раководење на социјален/ здравствен сервис,
  • Искуство во работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.

Основната бруто плата изнесува 37.570,00 денари, со платено здравствено, пензиско и социјално осигурување. Работното време е 35 часа во неделата.

Најдоцна до 29 јануари 2021 година, до 12 часот, заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • Биографија на македонски јазик,
  • Писмо за мотивација на македонски јазик,
  • Потврда за завршено високо образование и
  • Една препорака од претходните работни места.

Во биографијата потребно е да бидат наведени референци и контакт-податоци од раководните лица во однос на претходното работното искуство. Ве молиме во апликацијата да наведете и телефон и електронска адреса за контакт.

Документите со назнака/предмет на пораката Оглас за вработување социјален/на работник/чка во Младински центар „Сакам да знам“- Шуто Оризари, треба да ги доставите на електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .mк

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на огласот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост, нема да бидат разгледувани.

ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус,  бременост или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »