Виндија Интернационал лого

Менаџер на продажба

За компанијата: Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Виндија Интернационал:

Возач дистрибутер - Ц категорија

За потребите на компанијата:

ВИНДИЈА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ , ул. Јадранска Магистрала 47А, Скопје

Се објавува оглас за пополнување на следното работно место:

Менаџер за продажба

(за целокупната македонска територија).

Задачи и одговорности

Одговорност на организирање на продажбата на целокупниот асортиман од составот на Виндија Интернационал Дооел-Скопје  во рамки на целокупната македонска територија. Истражување на пазарот, следење на конкуренцијата, склучување купопродажни договори со купувачите. Одговорност за организација на работата на: референти за продажба, возачи-дистрибутери. Одговорност за оставрување на целите и планот на продажба на преставништвото како и наплата на побарувањата од купувачите.

 

Потребно Образование и вештини

  • ВСС, ВШС од областа на економијата и општествените науки
  • Активно знаење на англиски или германски јазик
  • Познавање и работа со компјутери (excel, word)
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Предност имаат кандидатите со искуство и продажба на прехранбени производи

Личен профил на кандидатот

  • Високи организациски способности, наклонетост кон тимска работа, како и самостојност и иницијатива.
  • Амбициозност и мотивираност за развој и унапредување на продажбата
  • Креативност и упорност во спроведувањето на поставените цели
  • Вештини за комуникација, бизнис преговарање и презентирање.

Работно време  со почеток 07 часот до 15 часот ;40  часа неделно ; 8 часа дневно

Ви нудиме работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и надпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување.

 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ги испратат своите биографии (CV ) со слика, мотивационо писмо и потврда за стекнато образование  на е-меил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]  ,  најдоцна до 22.08.2018

Некомплетни и подоцна пристигнати пријави нема да се разгледуваат.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »