М’рчндајзер/ка (унапредувач/ка на продажба) за Штип

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следнaтa работнa позициja:

МРЧНДАЈЗЕР/КА (УНАПРЕДУВАЧ/КА НА ПРОДАЖБА) за ШТИП

Датум на објава:

16 Март 2021

Рок за пријавување до

23 Март 2021

Број на оглас:

О-210316-MJ-УП

Сектор:

Продажба

Регион:

ШТИП

Работни задачи:

  • Подредување, следење и контролирање на производи (процентуално учество) на сталажи во продажни објекти според стандарди и договори на Алма-М,
  • Имплементација на цени, маркетинг активности (летоци, акции, настани, ...) и нивно истакнување,
  • Следење и известување за активности на конкуренција,
  • Изготвување извештаи и нивно навремено доставување,
  • Следење на залиха на сталажи и во магацин/и на продажни објекти, следење на рокови на употреба и примена на ФЕФО методот,
  • Други работи по барање на претпоставената.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Организиран/а и аналитичен/а,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Пожелно е поседување возачка дозвола Б – категорија, но не е задолжително,
  • Пожелно е познавање на англиски јазик.

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство не е потребно

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 17.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »