Дипломиран Фармацевт - Стручен соработник

За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Нејзин основач е Др. Миодраг Стојановски, а денеска компанијата ја води дипл.ел.инг. Оливера Стојановска. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме... повеќе за компанијата »

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручно-комерцијален соработник

За потребите на МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен увозник на италијанската компанија ЕСИ с.п.а. од Италија, бараме три (3) Стручни соработници (м/ж).

Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.

Одговорности:

• Остварување на предвидениот план за продажба

• Спроведување на предвидените маркетинг активности

• Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи

• Посета на лекари и фармацевти

• Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари

• Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата ЕСИ и производите

• Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион

Потребни квалификации:

·  Универзитетска диплома VII степен (фармацевтски факултет)

·  Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство

·  Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите

·  Одлични организациски способности и вештини на планирање

·  Одлични комуникациски и презентациски вештини

·  Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски

Профил на идеалниот кандидат:

·  Подготвен за патување

·  Ориентиран кон резултати

·  Посветен на работата и реализација на зададените цели

·  Добар слушател и комуникативен

·  Лојален и дискретен

·  Отворен и искрен

·  Коректен и одговорен, тимски соработник

 

Компанијата ќе ви овозможи:

  • Можности за градење на кариерата во успешна компанија 
  • Интересна и динамична работна средина
  • Полно работно време од 8 работни часови на ден или 40 часа неделно
  • Договор на определено работно време на почеток, но сите позиции се предвидени за неопределено работно време
  • Солидна и мотивирачка почетна плата во ранг од 400€ до 500€ зависно од искуството

 

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите:

  • резиме (кратка биографија) со фотографија,
  • мотивациско писмо,
  • уверение за завршено соодветно образование, како и
  • копија од возачка дозвола

најдоцна до 15.08.2022 година на маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »