Оператор во одделение за површинска заштита на метали-галванизација

За компанијата: Повеќе од 70 години градиме компанија која цени знаење, напорна работа и посветеност. Со седиште во Скопје, Северна Македонија прераснавме во компанија која има светска мрежа на задоволни клиенти и клиенти... повеќе за компанијата »

Компанијата Раде Кончар - Контактори и релеи - Скопје има потреба од вработување на 1 кандидат за:

Оператор во одделение за површинска заштита на метали - галванизација.

Работни задачи: Подготовка и површинска заштита на делови со помош на полуавтоматска линија (бубањски систем).

Потребни квалификации: 

-Диплома за завршено средно образование (предност е средно хемиско училиште);

-Кандидатот може да биде со или без работно искуство (предност е да има работно искуство).

Нето плата 20.000 денари.

Работното време се одвива од понеделник до петок, од 07.30-15.30 часот.

За горенаведената позиција потребно е да се испрати CV на e-mail адреса [email protected] или на [email protected]