Дипломиран Фармацевт - Стручен соработник

Плата од 35.000 ден. до 40.000 ден.

За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме во обаласта на фармацијата. Стекнавме големо искуство и реноме во оваа област. Нашата основна дејност... повеќе за компанијата »

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник

Заради зголемен обем на работа и проширување на тимот, МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен увозник на програмата од италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија (хербални производи), има потреба од три (3) Стручни соработници со следните квалификации:

  • Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
  • Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Комуникациски и презентациски вештини
  • Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски

ЕСИ с.р.л. е компанија од Италија, која постои од 1975 година, и денес е најдобра во Италија и пошироко во производството на додатоци на исхраната (хербални производи), а кај нас е присутна на пазарот од 2004 година.

МЕДИКУС е успешна компанија која постојано напредува.

Ние градиме тимски дух, пријатна, ведра, стимулативна и динамична атмосфера.

Кај нас ќе бидете почитувани и наградени за трудот и успехот во работата.

Одговорности:

  • Посета на лекари и фармацевти со цел промоција и презентација на фармацевтски производи
  • Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и производите
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на семинари

Профил на идеалниот кандидат:

  • Комуникативен и добар слушател
  • Лојален, отворен и искрен
  • Подготвен за патување
  • Ориентиран кон резултати
  • Посветен на работата и реализација на зададените цели
  • Тимски играч

Посебно цениме личности кај кои се истакнува

  • Проактивност, мотивираност и иницијативност
  • Одговорен однос кон работата
  • Стручната способност и амбицијата за стручно усовршување

Компанијата ќе ви овозможи:

  • Интересна и динамична работна средина
  • Службено возило за исполнување на работните задачи
  • Полно работно време од 8 работни часа на ден или 40 часа неделно
  • Договор на определено работно време на почеток, но сите позиции се предвидени за неопределено работно време
  • Почетна плата во зависност од искуството, и брзо напредување
  • Годишен регрес и бонус

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од: 07:30 до 15:30 часот.

Неделното работно време е од понеделник до петок.

Локација на објектот е во населба Ѓорче Петров.

Во колку сте подготвени да го збогатите нашиот тим

Испратете ваша апликација за учество на конкурс за вработување со назнака за работно место СТРУЧЕН СОРАБОТНИК: на e-mail: medikus@medikus.com.mk

  • Резиме (кратка биографија) со фотографија, најдоцна до 10.02.2024.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »