Магацински работник

За компанијата: АЛУМИЛ е најголема приватна групација за екструзија на алуминиум во Југоисточна Европа врз основа на производство, дистрибутивна мрежа и асортиман на алуминиумски системи. Алумил е меѓу првите добавувачи на брендирани алуминиумски системи за архитектонска употреба во Европа. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Алумил доо, со седиште на бул. Борис Трајковски 74А, Скопје, дел од групацијата Алумил, со седиште во Грција, што успешно работи на меѓународен пазар повеќе од 30 години, има потреба од пополнување на следната позиција:

Магацински работник

Улогата на Магацински работник е да спрема нарачки за издавање на трговска стока, нивно пакување и товарање, истовар на трговска стока при прием и одржување на магацинот.

1.Опис на работни обврски и одговорности

  1. спремање на нарачки добиени од продажба и контакт центарот за трговска стока за издавање
  2. товарање на трговска стока и контрола според финална испратница
  3. истовар на камиони при увоз
  4. организирање и класифицирање на артикли при увоз во магацинот
  5. проверка и контрола на артикли при увоз, дали фактичката состојба се совпаѓа со фактурираната
  6. средување и одржување на хигиена во магацинот

 

2.Потребни квалификации кои е потребно кандидатите да ги исполнуваат

  • Организирана и одговорна личност
  • Способност за работа во тим
  • Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок
  • Почитување на мерките за безбедност и здравје при работа

3.Што нудиме

  • Основна плата согласно портфолиото на кандидатот
  • Работа според законската регулатива – работно време 40 часови неделно, секој работен ден од понеделник до петок, од 08-16 часот
  • Приватно здравствено осигурување
  • Работа во успешен тим на интернационално ниво
  • Исплата на регрес за годишен одмор

Ги охрабруваме сите кандидати да аплицираат. Алумил доо Скопје како компанија не врши никаква дискриминација при изборот по било кој основ. Доколку сметате дека би биле уште еден успешен вработен на нашата компанија, добредојдени сте да поднесете апликација. Апликациите треба да се поднесуваат на англиски јазик.

Адреса за апликација: [најави се за да го видиш е-маилот] . Последен рок за аплицирање е 30 април 2024 година.

НАПОМЕНА: Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Податоците на кандидатите се обработуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци за потребите на процесот на избор на најсоодветен кандидат.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »