Автомеханичар

За компанијата: Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Rolls Royce, Mitsubishi... повеќе за компанијата »

Нашата компанија е во потрага по нов член кој треба да му се придружи на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:

- АВТОМЕХАНИЧАР -

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено средно стручно училиште за автомеханичар
  • Техничко познавање на работата на системите во возилата, напредно ниво
  • Работно искуство во откривање и отстранување дефекти во возилата
  • Англиски јазик. Основно познавање на германски јазик се смета за предност
  • Возачка дозвола Б-категорија е задолжителна

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Дијганостика на механички и електрични компоненти
  • Поправка на дефекти и одржување возила
  • Контрола на извршени сервисни активности
  • Користење стручна литература
  • Одржување ред и хигиена во сервис

 

ПОНУДА ОД КОМПАНИЈАТА

  • Стабилна компанија ориентирана кон одржливи работни места и резултати
  • Напредна работна средина и функционален тим на професионалци
  • Атрактивни социјални бенефиции, плата, бонус за реализација, топол оброк

 

Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба да испратат професионална биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работно место „Автомеханичар“ заклучно со 21-ти октомври 2022г.

 

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.

 

 

Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Mitsubishi Motors и Mitsubishi Fuso, Mobil,  сопственик  на брендот Premium Used за користени возила и на Premium деловниот центар.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »