Овластен сметководител / Сметководител

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ / СМЕТКОВОДИТЕЛ - 1 извршител

 

Опис на работно место:​

  • Книжење на финансиска документација (влезни и излезни фактури, денарски и девизни банкарски изводи, финансиски документи (договори за дело, одлуки, решенија, компензации и др.), сложување на книговодствена картица со картица на добавувач;
  •  Изготвување на банковни налози и план за плаќања кон добавувачи согласно листата на отворени ставки;
  • Изготвување на извештаи за трошоци, извештаи до надлежни органи и институции, cash flow, извештај за плаќање на кредити, извештаи за кредитна задолженост, реализирани инвестиции во тековната година и други извештаи по барање на претпоставениот;
  • Водење евиденција на влезни и излезни фактури и финансиски документи, подготвување и доставување на документи до финансиски институции, усогласување на книговодствената евиденција со фактичка состојба, подготвување на фолио за пресметка на ПДД;
  • Благајничко работење;
  • Пресметка на амортизација на основните средства;
  • Пресметка на ДДВ и месечна обврска за данок на добивка;
  • Соработка околу организација и вршење на попис;
  • Изготвување на годишна сметка и консолидирана годишна сметка;
  • Аналитичка евиденција на работењето по профитни центри;
  • Други задачи поврзани со сметководствено и финансиско работење.

 

Потребни квалификации:

  • Најмалку 5 години работно искуство од областа на сметководство;
  • Завршено високо образование од областа на сметководство, сметководствено-финансиски менаџмент, ревизија или економија според ЕКТС;
  • Уверение за овластен лиценциран сметководител;
  • Активно познавање на Microsoft Office апликации (Excel, Word, Outlook), познавање на корпорациски Microsoft Business Control е предност, но не услов;
  • Познавање на англиски јазик.

 

Лични вештини:

  • Организираност, прецизност, аналитичност и флексибилност;
  • Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови;
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци. 

 

Што нудиме:

  • Компетитивна плата;
  • Организиран превоз до и од работното место;
  • Можност за учење и развој;
  • Пријатна работна атмосфера.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »