Магационер

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:

Магационер во магацин за влезни материјали - 1 (еден) извршител

Основни работни задачи:

  1. Превземање и проверка, документација и колишина на стоките од  испорачателот
  2. Евидентирање, правење на прием во магацин
  3. Доставување на барање за узорцирање, доколку е потребно
  4. Организирање, распределување и сместување на стоките во магацин
  5. Издавање на материјалите соодветно на добиени барања
  6. Вршење достава од магацин до погон за производство
  7. Материјална евиденција на промените во ERP систем
  8. Контролирање на статусот и роковите на траење
  9. Контролирање на условите и чистотата на магацинскиот простор и
  10. Извршување и други работи што ќе му ги довери непосредно претпоставениот или Управителот.

Потребни квалификации:

1. Минимум ССС образование,

2. Најмалку 2 години работно искуство, претходно искуство како магационер во компанија од дејност ФАРМАЦИЈА ќе се смета за предност,

3. Возачка дозвола "Ц" категорија,

4. Искуство во управување со вилушкар. 

Сите заинтересирани кандидати за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации и вештини за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Огласот е активен 15 (петнаесет) дена од денот на објавување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »