Машински инженер

За компанијата: МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Мермерен Комбинат АД Прилеп:

Оператор на рударска опрема

Мермерен Комбинат АД Прилеп има потреба од МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР  - 1 извршител на опеделено време

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Универзитетска диплома – Машински факултет насока: Производно инженерство, Индустриско инженерство, Моторни возила или Транспорт, механизација и логистика
  • Без / Со работно искуство
  • Одлично познавање на Англиски јазик во говорна и пишана форма
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одлично владеење на компјутерски апликации – MS Office, Internet, АutoCad

ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Работи на одржување на работните машините и опремата во Областа.
  • Надзор при извршувањето на работните активности во секторот за одржување.
  • Води евиденција и доставува извештаи (анализи) за исправноста и расположивоста на  машините  и опремата.
  • Комуникација со секторите за производство при планирање, координација и спроведување на активности при одржување од аспект на  минимизирање на  застоите на производствената опрема.
  • Изработка на технички цртежи, скици и друга техничка документација
  • Дефинирање на потребите и следењето на залихите на резервни делови потребни во секторот за машинско одржување.
  • Учество во спроведување на обуки на операторите на работните машини
  • Тимска работа, со цел подобрување на организациските, техничките, производствените и финансиските перформанси.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Тимски ориентирана личност,
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето.

ШТО НУДИМЕ:

  • Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа.
  • Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
  • Конкурентен пакет за наградување

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “апликација за работно место МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР”.

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »