Референт за организација на камионски транспорт – полни утовари и дотовари (FTL-LTL)

Референт за организација на камионски транспорт – полни утовари и дотовари (FTL-LTL)

ДБ Шенкер Македонија, централа

 

ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германски железници (Deutsche Bahn) ние организираме транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нашите 2100 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзува светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираме врз основа на нивото искуство, перспективи, способности и вештини.

 

Работно место: Референт за организација на камионски транспорт полни утовари и дотовари (FTL-LTL)

 

Вашите задачи:

  • Комплетна организација на камионски транспорт – полни утовари/дотовари – од давање на понуда, преку координирање и комуникација со субјектите поврзани во транспортот, до издавање на фактура
  • Активна соработка и комуникација со колегите при извршување на планираните активности
  • Одговорно водење и следење на пратки, и редовно известување на клиентите – секојдневна грижа за клиенти
  • Прибирање информации за нови и постоечки клиенти и пазари – исто така и за потенцијални клиенти
  • Согледување/Истражување на пазарот
  • Активен придонес во резултатите на одделението преку давање на мерки за подобрување, како и проширување на портфолиото на клиенти
  • Воспоставување и одржување на добра соработка со транспортни компании
  • Проширување на портфолиото на добавувачи – транспортни компании и соработници

 

Вашиот профил:

  • Одлично познавање за индустријата и пазарот за транспорт и логистика
  • Задолжително претходно искуство на истата позиција, најмалку 1 година
  • Диплома за завршено минимум средно образование
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Одлични компјутерски вештини за Microsoft Office пакетот

 

Вашите вештини и способности:

  • тимски ориентирана личност
  • силна посветеност на работата
  • одговорност, организираност
  • желба за учење, напредок, раст и личен развој
  • комуникативност
  • брзина при извршување на работните задачи
  • амбиција за остварување и надминување на поставените таргети

 

Нашата понуда:

  • работа во глобална компанија, една од најуспешните во светот на транспорт и логистика
  • фиксно работно време (понеделник-петок, 08-16 часот)
  • организиран превоз до/од работа
  • привлечна плата и бенефиции
  • дополнителен бонус за остварени и надминати таргети
  • јубилејни награди
  • можност за развој во рамки на компанијата, локално и глобално
  • обуки за личен и компаниски развој
  • одлична работна средина и тим за работа
  • хибриден модел на работа (комбинирана работа од канцеларија и од дома, по завршување на периодот на онбординг)

 

Заинтересирани? Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација. Ве молиме испратете ни ja Вашата кратка биографија на

E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , Краен рок за пријавување: 20.10.2022.

 

https://www.dbschenker.com/mk-mk

 

*Однапред Ви благодариме за испратените биографии. Ќе бидат контактирани неколку кандидати чиј профил (образование, искуство, достигнувања) најмногу одговара на позицијата.

Со испраќање на Вашите биографии се согласувате да ги користиме Вашите лични податоци, кои се безбедни, доверливи, и ќе бидат користени исклучиво за процесот на селекцијата.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »