Аналитичар за микробиолошки анализи

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:

Аналитичар за микробиолошки анализи - 1 (еден) извршител

Потребни квалификации:

  • Дипл. Биолог, Дипл. Инг. по Биохемија, Дипл. Фармацевт
  • Пожелно е претходно работно искуство во областа
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet).
  • Неосудуваност согласно казнена и кривична евиденција.

Опис на работно место:

  • Ги следи и почитува сите пропишани процедури и мерки за безбедност и заштита при извршување на секојдневните обврски
  • Одржува високо ниво на хигиена во лабораторијата
  • Навремено и точно ги извршува микробиолошките анализи на примероци од суровини, примарна амбалажа, полупроизводи, готови производи, развојни проби и примероци поставени за следење на стабилност
  • Навремено и точно ги извршува микробиолошките анализи поврзани со мониторинг на микробиолошката чистота во чистите соби (класа Д простории), во фабриката
  • Ги извршува микробиолошките анализи на вода узорцирани од дефинирани потрошувачки места, според одобрени планови
  • Ги проверува добиените резултати наспроти пропишаните спецификации за квалитет и лимити на прифатливост, базирани на фармакопејски критериуми. Квалитативно и квантитативно ги определува микроорганизмите присутни во примероците и дава прогноза за нивна можна неусогласеност со спецификацијата
  • Ги пополнува сите записи за да се обезбеди интегритет на податоците и нивна следливост
  • Се грижи анализите да се извршуваат на лабораториската опрема, која е редовно калибрирана, квалифицирана и одржувана
  • Идентификува проблеми, кои се јавуваат при анализите и кај инструментите / опремата
  • Организира деконтаминација на остатоците од микробиолошките анализи и нивно соодветно складирање  до предавање за уништување

Лични вештини:

  • Способност за тимска работа;
  • Следење на работни упатства и процедури;
  • Ефикасност во извршување на работните задачи;
  • Одговорност;
  • Лојалност и дискреција.

При изборот на најповолни кандидати ќе бидат спроведени процес на селекција и интервјуа. 

Писмото за мотивација, CV, копија од документите за завршено образование и дополнителни сертификати и дипломи да се испратат на следнава email адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Огласот трае 15 (петнаесет) работни дена од денот на неговото објавување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »