Возач

За компанијата: KAM MARKET доо е основан во Скопје во 1999 година, како трговско претпријатие кое започна со само еден маркет во Градскиот трговски центар. Називот КАМ е скратеница од презимето на основачот Гоце Камчев. КАМ... повеќе за компанијата »

 

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

Со цел проширување на тимот во НОВИОТ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВО ИЛИНДЕН, бараме личности кои ќе се придружат на нашиот тим на работна позиција:

ВОЗАЧ

Потребни квалификации:

  • Средно образование;
  • 2 години работно искуство;
  • Возачка дозвола Ц-категорија.

Работни задачи: 

  • Утовар, превоз и истовар на производите по дефинирани релации;
  • Водење грижа за техничката исправност на возилото, негова чистота и редовно одржување;
  • Водење грижа за исправноста на документите за возилото и стоката која се дистрибуира (сообраќајна дозвола, товарни листови, испратници и друга пропратна документација);
  • Водење евиденција при примопредавање на робата со одговорниот од маркетот;

Ние нудиме:

  • Основна плата 19.600 денари;  максимален бонуси од 4.900 ден.
  • Платен секој изработен час, дополнително повисоко платени сабота, недела и празник,
  • Регрес повисок од законски пропишаниот,
  • Обезбеден топол оброк,
  • Слободен ден за роденден,
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам,
  • Платено колективно осигурување од првиот месец,
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
  • Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид
  •  
  • Персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или преку полето Брза Апликација

Апликација за работа можете да испратите на нашата меил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] или преку нашата веб страница

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »