(преземи го огласот во Word)
Работна позиција: Промотер/ка на Philips TV
TPVision како сопственик на брендот Philips во сегментот на телевизори и аудио, со преставништво во Софија, Р. Бугарија за следните земји: Македонија, Албанија и Косово има потреба од промотер/ка или унапредувач на продажба. Работната позиција е наменета за Р. Македонија поточно Скопје, со можност за повремени патувања во земјата и странство.
Одговорности и задачи:
Презентација на Philips телевизорите и нивните карактеристики пред крајни купувачи како и нивна продажба. Промоциите се одвиваат во дел од продажните објекти кои имаат договор за продажба на Philips TV (Техномаркет или СЕТЕК).
Услови
- изразени комуникациски и презентациски вештини
- способност за тимска работа
- основно познавање на Microsoft Office
- навремено извршување на зададените обврски
- способност за повремени, периодични патувања во земјата и странство
- креативност и самоиницијатива при работењето ке се сметаат за предност во пробниот период
- пожелно искуство во продажба на техничка роба
Поволности:
Пријатна работна атмосфера, навремена исплата, редовни обуки, збогатено искуство во CV со работа во интернационална компанија.
Месечни примања: 25000 ден. + бонуси
Апликациите со CV и слика испратете ги на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Само одбраните кандидати ке бидат контактирани. Селекцијата на кандидати ќе се одвива во неколку фази.
Краен рок за аплицирање: 24.12.2021