
За компанијата:
На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати... повеќе за компанијата »
Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.
Специјалист за дигитален маркетинг – 1 позиција
Кандидатот треба да поседува стручно познавање од областа на Дигитален маркетинг и креативен ум со способност за давање на сугестии со цел за постојано подобрување на маркетинг стратегијата, како и одлично познавање на англиски јазик и стручно познавање на Microsoft Office Suite. Понатаму кандидатот е потребно да поседува познавање на алатките Adobe Photoshop, Ilustrotor, InDesign (познавање на Adobe Premiere Pro ќе се смета за предност). Кандидатот треба да поседува креативност и иницијативност како и чувство за естетика и изработка на допадливи решенија,
Одговорностите и задачите ќе вклучуваат:
- Развивање на маркетинг стратегија во согласност со целите на компанијата
- Креирање, имплементација и следење на онлајн и офлајн кампањи
- Креирање и изготвување на кампањи за online реклама (социјални мрежи Facebook, Instagram и веб страна),
- Обработка на слики и видеа за спроведување на кампањите, и
- Интерна ефективна комуникација за дефинирање на целите и основните елементи на финалниот дизајн.
Работното време изнесува 40 часа од 9:00 до 17:00 часот секој работен ден.
Износот на платата е компетитивен согласно искуството, знаењето и квалификациите на кандидатот. Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат поканети на интервју.
Доколку поседувате желба за понатамошно учење и развој, совесност, одговорност и самоиницијативност, високо развиени интерперсонални вештини, Ве покануваме да аплицирате на [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »