Агенти / Промотери

  • Објавен пред една недела
  • Mellon Solutions
  • Активен до 21.11.2020
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Цела Македонија

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

 

Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:

Агенти / Промотери

[реф. бр. 2020-020]

 

За градови / региони:

  • Битола
  • Прилеп
  • Охрид
  • Струга
  • Кичево
  • Кавадарци
  • Штип
  • Велес
  • Струмица
  • Скопје

 

Профил на работната позиција:

  • Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
  • Вршење на сервисни и промотивни активности за потребите на Македонски Телеком АД Скопје;
  • Директна продажба на производи и услуги од портфолиото на Македонски Телеком АД Скопје;
  • Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.

 

Профил на кандидатот:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Основно познавање на MS Office;
  • Одлични комуникациски вештини, eлоквентност и дикција;
  • Искуство во продажба/телемаркетинг и грижа за корисници ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски и/или албански јазик ќе се смета за предност.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не изберe ниту еден кандидат.

 

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната         e-mail адреса: jobs.mk@mellоngroup.com  најдоцна 5 дена од објавувањето на огласот.

Мелон Солушнс Дооел

ул. Рузвелтова, бр.19,

1000 Скопје

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

КЛИКНИ