Техничар во Одржување

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Executive Search Consulting:

Senior developer/ Product advisor

Нашиот клиент Фруктал Мак а.д. Скопје – фабрика за производство на висококвалитетни овошни сокови, нектари и пијалоци без конзерванси. Компанијата произведува готови производи и за домашниот и за странските пазари, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора. Фруктал Мак а.д. Скопје имаат потреба од квалификуван кандидат на позицијата:

Техничар во Одржување

Главни задачи и одговорности:

  • Инсталирање и сервисирање на опрема за производство според дадени инструкции
  • Пронаоѓање и отстранување на дефекти на машини
  • Го обезбедува функционирањето и усогласувањето на производствениот процес
  • Ги лоцира и пријавува слабите точки
  • Ги одредува причините за дефектите, застојот на едноставна опрема со механички, хидраулични, пневматски, електрични, компоненети
  • По потреба поддршка на тимот за одржување на објектот во делот со инсталации
  • Активна комуникација со другите оддели

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно електро или машинско техничко образование
  • Познавање на Eлектротехника, Електроника и Механика
  • Основно разбирање електротехнички шеми и технички цртежи
  • Познавање и способност за користење на рачен алат
  • Способност за самостојна работа, тимска соработка и работa под притисок
  • Прецизност, работливост и флексибилност
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Претходно искуство со работа на поправка и одржување на машини (индустриски, домашни) ќе се смета за предност
  • Компјутерски вештини

Понуда:

  • Можност за работа во интернационална компанија
  • Личен раст и кариерен развој
  • Исплата на регрес и минат труд
  • Исплата на месечен бонус за остварени резултати
  • Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи
  • Работно време: во три смени

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на линкот, најдоцна до 19.05.2024, со назнака Техничар за одржување.

Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју. За повеќе информации јавете се во Executive Search Consulting на (02) 2700-425.

Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси.

Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Поврзани огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »