Аналитичар во Лабораторија за физичко-хемиски анализи

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:

* Аналитичар во Лабораторија за физичко-хемиски анализи – 1 извршител

Потребни квалификации:

  • ВСС (дипломиран фармацевт/ хемиски инженер/ лабораториски биоинженер);
  • Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Одлично познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.  

При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и интервјуа.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копија од уверението за завршено образование, копија од сертификати и дипломи, да се достават лично на следната адреса:

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, ул.112 бр.217 Индустриска зона Ќојлија, Петровец (,1000 Скопје

или на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »