Медицински претставник

Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.elpharma.com.mk

 

Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место

 

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

 

Кој ќе има клучна улога во соработката со здравствените професионалци,  застапувајќи ги портфoлијата на реномирани производители

 

Потребни квалификации:

  • ВСС: доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација;
  • Работно искуство од најмалку една година искуство во промоција на фармaцевтски производи

 

Опис на работата:

  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномирани производители;
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти;
  • Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија;
  • Редовни извештаи;
  • Учество и организирање на стручни собири;
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар;

 

 Потребни вештини и способности:

  • Познавање на MS Office;
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач;
  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки способности;
  • Самодоверба, одлучност и упорност
  • Свесност за комерцијално и деловно работење
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.

 
Ние нудиме:

  • Интересна и одговорна позиција во успешна компанија
  • Позитивна корпорациска култура, високо компетентен тим и колегијалност
  • Континуирана обука и можност за напредување

 

 

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од Понеделник до Петок.

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Рок на пријавување 14 дена од датумот на објавување на огласот.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

 

Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.

Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот.

Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »