FacebookN/A likes
TwitterN/A followers
InstagramN/A followers

ПРОЕКТАНТ/АРХИТЕКТ/ДИЗАЈНЕР НА ЕНТЕРИЕР

  • Објавен пред 2 недели
  • Бујото
  • Активен до 20.03.2019
  • Позиција: Архитект и ентериер
  • Локација: Скопје

Фирмата БУЈОТО има потреба од:

ПРОЕКТАНТ/ДИЗАЈНЕР НА МЕБЕЛ

со или без работно искуство

Одговорности и работни задачи:

  • Комуникација со клиенти, правилно разбирање на желбите и потребите на клиентот, преточување на истите во проект и изработка на понуда.
  • Изработка на идејни решенија за кујни, плакари, комоди, канцеларии.
  • Презентација и договарање на конечно решение со клиент.
  • Дефинирање на сите детали околу одбраното решение и пуштање во производство.

Што нудиме?

  • Нето плата од 20.000 денари + бонуси. 
  • Работа со стручен тим.
  • Позитивна и флексибилна работна атмосфера.
  • Можност за обука и напредување.
  • Работно време во смени.

Што бараме?

  • Позитивен, насмеан и комуникативен креативец.
  • Познавање на AutoCad 2D.
  • Сериозен и одговорен пристап кон работата.
  • Коректен однос со клиенти, правилно разбирање на желби и потреби на клиентот.
  • Дисциплина и почитување на компаниската хиерархија.
  • Точност и редовност.
  • Претходно работно искуство во истата дејност, проектирање, изработка на понуди, продавање и припремање документација за производство, ќе се смета за предност.
  • Познавање на Pro100 (MawinKit) ќе се смета за предност.
  • Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.

Вашите CV-ја испратете ги на e-mail или оставете ги во нашиот продажен салон на ул. Трета Македонска Бригада во нас. Аеродром, спроти Американ Колеџ до зградите на Џевахир.

Задолжително CV со слика испратете на: vrabotuvanje@bujoto.com.mk.

 

КЛИКНИ