Odvojuvac na stoka - lekovi

ФЕНИКС Фарма како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија за лекови во 26 земји ширум Европа, секојдневно придонесува за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:

ОДВОЈУВАЧ НА СТОКА - ЛЕКОВИ

 

Обврски и одговорности:

  • - Одвојување на стока-лекови со терминал, по работен налог
  • - Складирање на стока-лекови
  • - Следење и контрола на роковите и сериите
  • - Следење на процедурите и стандардите на компанијата

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование, пожелно е фармацевтски техничар
  • Работно искуство во веледрогериско работење

Потребни способности и вештини:

  • Одговорност и прецизност
  • Тимска работа
  • Работа во динамична средина

 

Работниот однос за позицијата ce заснова на определено време, со можност за продолжување на договорот. Работното време е во смени, од 9:00-17:00 и 14:00-22:00.

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава  на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Рок на пријавување 5 дена од датумот на објавување на огласот.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »