Одвојувач на стока - лекови

  • Објавен пред една недела
  • PHOENIX Pharma DOOEL Skopje
  • Активен до 24.05.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

ФЕНИКС Фарма како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија за лекови во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесува за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

 

Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:

 

ОДВОЈУВАЧ НА СТОКА - ЛЕКОВИ

 

Обврски и одговорности:

  • Одвојување на стока-лекови со терминал, по работен налог

  • Складирање на стока-лекови

  • Следење и контрола на роковите и сериите

  • Следење на процедурите и стандардите на компанијата

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование, пожелно е фармацевтски техничар

  • Работно искуство во веледрогериско работење

 

Потребни способности и вештини:

  • Одговорност и прецизност

  • Тимска работа

  • Работа во динамична средина

 

Работниот однос за позицијата ce заснова на определено време, со можност за продолжување на договорот. Работното време е во смени, од 9:00-17:00 и 14:00-22:00. Локацијата на компанијата е во индустриска зона Визбегово.

 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава  на e-mail:  personal@phoenixpharma.com.mk

 

Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
 

КЛИКНИ