Поможник раководител на пумпа/пумпаши - касиери

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Executive Search Consulting:

Castrol Brand Promoter

Наш клиент, странска компанија за горива, за својата нова бензинска пумпа во Кавадарци бара квалификувани и мотивирани кандидати на позициите:

ПОМОШНИК РАКОВОДИТЕЛ НА ПУМПА, ПУМПАШИ, КАСИЕРИ

Локација на бензинската пумпа: на влезот на Кавадарци

Број на вработени на пумпата: вкупно 9 вработени

ПОМОШНИК РАКОВОДИТЕЛ НА ПУМПА

Задачи и одговорности:

  • Го надгледува секојдневното работење на пумпата;
  • Раководи со персоналот, распоредот и инвентарот;
  • Ги следи и спроведува прописите за здравје и безбедност;
  • Обезбедува сите процеси, процедури и прописи да се следат и почитуваат;

Барања:

  • Најмалку 2 години искуство во малопродажба, искуството во раководење со луѓе е силна предност;
  • Познавање на англискиот јазик е задолжително, познавање на грчки јазик е пожелно; Искуство со MS Office;
  • Доверлива личност, подготвена за преземање одговорност, кориснички ориентирана, мотивирана за понатамошен развој;

ПУМПАШ

Задачи и одговорности:

  • Полнење гориво;
  • Корисничка услуга, помош при полнење гориво, информации за попусти и продажба на дополнителни производи;
  • Одржување и чистота на пумпите и опремата;
  • Одржување и чистење на просторот на бензинската пумпа;
  • Работа во 3 смени

Барања:

  • Одговорна личност, кориснички ориентирана, основен Англиски јазик;
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност;

КАСИЕР

Задачи и одговорности:

  • Продажба на роба во маркетот, наплата, фискални сметки;
  • Обезбедува исправност и комплетност на работната опрема (компјутери, каси и сл.);
  • Безбедност и чистота на работниот простор и опремата;
  • Работа во 3 смени

Барања

  • Одговорна личност, кориснички ориентирана, основен Англиски јазик, искуство со MS Office;
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност;

Понуда

  • Можност за професионален раст и развој во рамки на компанијата.

Доколку сте мотивирани и ги исполнувате условите, испратете го вашето CV на англиски јазик на линкот. Краен рок за аплицирање: 30.05.2024 година. Во насловот на пораката напишете го називот на работното место за кое сте заинтересирани. Сите апликации ќе се разгледуваат во строга доверливост. Само кандидатите од потесниот круг ќе бидат контактирани за дополнителни интервјуа.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »