Сапиенс ДООЕЛ лого

Оглас за вработување на програмер

За компанијата: Сапиенс Дооел е компанија која постои веќе 10 години и нуди имплементација, развој и консултантски услуги за САП системи. Има учествувано во проекти за имплементација и надоградба на САП решенија во повеќе индустриски гранки, како во Македонија така и во странство. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 12.2016
  • Сапиенс ДООЕЛ
  • Активен до 20.01.2017
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје

Работна позиција: Junior ABAP Developer

Образование: Електро-технички факултет ( завршен или во последна година од студии, IV година )

Работни задачи:

  • Изготвување на ABAP решенија во SAP ERP по претходно зададени спецификации
  • Паралелно надоградување на начинот на работа и развојот на апликации на SAP HANA in memory database, и SAP HANA Cloud Platform
  • Повремени патувања согласно потребите на проектите во странство

Основни вештини и искуство:

  • Самоиницијативност и желба за учење и побрзо адаптирање во средината
  • Развиено чувство за тимска работа
  • Брзо и ефикасно извршување на поставените работни задачи
  • Стрпливост и развиено чувство за детекција на грешки
  • Одлични комуникациски вештини
  • Високо ниво на разговорност, слушање и разбирање на Англиски јазик, останатите јазици се дополнителен плус
  • Работа во динамична средина и способност за извршување на паралелно зададени работни задачи
  • Љубопитност за учење на нови технички компоненти и концепти

Како дел од тимот на Сапиенс ДООЕЛ ќе бидете вклучени во една пријатна работна атмосфера, опкружени со колеги кои секогаш ќе бидат спремни да Ви помогнат доколку наидете на проблем.

Испратете ни ја вашата кратка биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот] . Сите апликанти кои ќе се вклопат во профилот на кандидат кои го бараме, ќе бидат контактирани.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »