Раководител на површински ископ и постројка за сепарација

Плата од 30.000 ден. до 35.000 ден.

За компанијата: Компанијата ГАМА Градба ДООЕЛ Скопје се основа во 2007 година. Со постојан и динамичен развој се издвојува како посебна гранка од компанијата Елово комерц, којашто пак се занимава со електрика и инфраструктура и е основана во 1999 год. повеќе за компанијата »

РАКОВОДИТЕЛ НА ПОВРШИНСКИ КОП И ПОСТРОЈКА ЗА СЕПАРАЦИЈА

Степен на образование -  ВСС

Стручна подготовка -  Факултет за рударство, геологија и политехника, градежен/архитектонски

Вкупно работно искуство - 3 години

Познавање на странски јазик  - Англиски јазик

Дополнителни критериуми, обуки -  Познавање на законските прописи од областа на ридарство и градежништво

Работни обврски:

  • Се грижи за правилно спроведување на откопната метода предвидена со главниот рударски проект
  • Ги спроведува работните задачи издадени од Управителот
  • Изготвува месечен распоред на експлоатација и производство
  • Врши контрола на правилно и навремено извршување на работните задачи
  • Се грижи за квалитативно и квантитативно извршување на поставените работни задачи и за истите доставува усмен или писмен извештај до Управителот
  • Врши контрола на месечните и дневните извештаи и месечното остварување на планските количини.
  • Ги спроведува одлуките на работоводниот орган и се грижи и одговара за спроведување на мерките за БЗР и важечките акти во Друштвото.
  • Активно учествува во изготвувањето на годишните и месечните планови за производство и дава свои согледувања за подобрување на технолошкиот процес за остварување на истите
  • Ја организира работата на дробиличното построение: врши распоред на работници, води работни налози, издава требовања, води евиденција за готови производи, за нивна испорака и воопшто целата евиденција за работа на дробиличното построение
  • Пред да се пушти во работа дробиличното построение должен е да ја провери исправноста на траките, ситата, исправноста на заштитните средства и др. и доколку примети некои недостатоци дава налог на одржувачот на дробиличното построение да ги отстрани
  • Одговорни се за квалитетот и квантитетот на производството, за навремена испорака и навремено извршување на сите работни задачи
  • За својата работа одговара пред Управителот

Плата - 34.000,00 денари

Потребните документи за аплицирање како мотивационо писмо, CV, овластувања, потврди итн. да се пратат на маил - [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »