Доколку имате правно образование, уживате во организирање процеси и сакате да бидете дел од компанија која активно расте, ве покануваме да се придружите на нашиот тим во Скопје. Како дел од оваа позиција, ќе имате важна улога во поддршката на правните и HR процесите, обезбедувајќи усогласено и ефикасно функционирање на компанијата
Кои сме ние?
БЕ-ДА Логистик е 15 години доверлива меѓународна логистичка и шпедитерска агенција која обезбедува сигурни и ефикасни транспортни решенија низ Балканот и Европа. Нашата мисија е едноставна, но јасна: Создаваме едно централно место каде клиентите ги добиваат сите логистички услуги – брзо, едноставно и ефикасно.
Ваши одговорности
• Подготовка и администрација на договори за вработување и останата работно-правна документација
• Изработка на спогодби и други правни документи поврзани со работните односи
• Подготовка на правни поднесоци и комуникација со надлежни институции
• Координација на процесите за регрутација и селекција на кандидати
• Објавување и управување со огласи за вработување
• Подготовка на податоци за пресметка на плати
• Пријава, одјава и евиденција на вработени
Идеалниот кандидат:
• Има завршено правен факултет
• Поседува најмалку 2 години релевантно работно искуство
• Добро ги познава трудовото и корпоративното право
• Работи организирано, прецизно и со високо ниво на доверливост
• Одлично се снаоѓа во MS Office
Што нудиме?
Празничен бонус
• Летен бонус
• Последниот петок во месецот – скратено работно време
• Организиран превоз од–до работа
• Работа во динамичен и поддржувачки тим
• Дополнителни часови за приватни излези
• Професионални обуки за кариерен развој
Доколку се препознавате во оваа улога, испратете ни ја вашата биографија на j [најави се за да го видиш е-маилот] и станете дел од компанија со повеќе од 15 години искуство во транспортот и логистиката.