Референт за малопродажба/продавач/ка

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Групацијата Gorenje е еден од водечките европски производители на апарати за домаќинство со традиција од повеќе од 70 години. Нивните технолошко усовршени, супериорно дизајнирани и енергетски ефикасни апарати за домаќинство го подигнуваат квалитетот на живеење на корисниците на нивните производи во 90 земји низ светот. Од 2018 година Групацијата Горење е дел од компанијата Hisense.

Gorenje GA ДООЕЛ Скопје, за својот малопродажен салон во Карпош 3 има потреба од

РЕФЕРЕНТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА/ПРОДАВАЧ

Одговорности и работни задачи:

  • Комуникација со клиенти – крајни потрошувачи;
  • Продажба – наплата;
  • Работа со документација според потребите на процесот на работа;
  • Организација на просторот, задолжување на роба и прием на истата во малопродажниот објект;
  • Одржување на хигиена, по потреба;
  • Работникот може да извршува и други задачи соодветни на неговата стручна подготовка и во врска со своето работно место, а по налог и упатство од работодавачот;

Барања:

  • ССС;
  • Поседување на вештини за продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Позитивен став кон клиентите и желба за тимска работа;
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со компјутер (Word, Excel) ;
  • Познавање на странски јазик и возачка дозвола ќе се сметаат за предност;

Понуда:

  • Основна месечна нето плата плус додатоци предвидени според закон (минат труд, регрес);
  • Можност за остварување на годишен бонус во висина од една нето плата;
  • Работникот ќе работи со полно работно време во 2 смени, и тоа од 09 до 17ч и од 14:00 до 20ч од понеделник до петок;
  • Преку една сабота работа во една смена од 10 до 15ч;

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на линкот најдоцна до 27.04.2024. Во насловот на пораката ставете назнака Референт за малопродажба / Продавач. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси.

Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »